Свет

Спасувачите во Турција пронајдоа торба со два милиони долари

Спасувачите во Турција пронајдоа торба со два милиони долари

Во Газиантеп, Турција, спасувачите пронајдоа торба со два милиони долари во готовина и накит меѓу урнатините, јавува БНН.

Спасувачите ги изброиле парите и го снимиле пронајденото, чантата и ја предале на полицијата и продолжиле со потрагата по преживеани. Надлежните соопштија дека доколку не се најдат сопствениците, накитот и парите ќе бидат префрлени во државната каса.

Повеќе од 40 илјади луѓе ги загубија животите во разорниот земјотрес што пред 12 дена ја погоди Турција и делови од Сирија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни