Македонија

Власта и опозицијата договорија надзорна расправа за случајот со АЛТА банка – Битола

Власта и опозицијата договорија надзорна расправа за случајот со АЛТА банка – Битола

Случајот со АЛТА банка – Битола ќе биде предмет на надзорна расправа во Собранието, откако власта и опозицијата постигнаа договор прашањето да се отвори на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Во фокусот на расправата ќе бидат причините поради кои е воведена администрација во банката, постапувањето на Народната банка, како и одговорноста на надлежните институции за случајот.

Во Собранието денеска треба да се одржи координација на која ќе се усогласат ставовите и ќе се утврди датумот за продолжување на работата на Комисијата.

Предлогот првично беше поднесен од СДСМ, но беше изменет по барање на ВМРО-ДПМНЕ. Од првичната формулација беа изоставени последните зборови „за измамата на граѓаните“.

Од владејачката партија порачуваат дека не бегаат од дебата, но инсистираат расправата да не се претвори во политизирање на случајот.

Од опозицијата, пак, сметаат дека случајот со АЛТА банка отвора сериозни прашања за функционирањето на банкарскиот надзор, заштитата на штедачите и одговорноста на институциите кои биле надлежни за контролата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни