Македонија

РАФТОВИТЕ ПРАЗНИ: Дел од пекарите ја стопираа испораката на бел и полубел леб во маркетите

РАФТОВИТЕ ПРАЗНИ: Дел од пекарите ја стопираа испораката на бел и полубел леб во маркетите

Дел од пекарите уште денеска ја стопираа испораката на бел и полубел леб во маркетите.

Ова следува по одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот, односно истиот треба да се продава по 33 денари.

Според телевизија Сител, во маркетите се празни рафтовите, а на местата каде се произведува и продава има многу мала количина.

Репортерот на телевизијата вели дека од сите маркети што ги посетиле, само во еден имало поголем избор на леб и тоа се главно поскапи лебови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни