Министерот за економија, Крешник Бектеши, говорејќи за цените на лебот, рече дека смета дека во градот Скопје, во областа на производството на леб, неколку компании се обединиле и ги утврдуваат цените по кои го дистрибуираат и продаваат лебот по големите супермаркети.
Бектеши во неделното интервју за Радио слободна Европа ја повика Комисијата за заштита на конкуренцијата да го испита случајот.