Балкан

Во 2022 година бугарско државјанство добиле 1.982 Македонци

Во 2022 година бугарско државјанство добиле 1.982 Македонци

Според податоците, во 2022 година бугарско државјанство добиле 1.982 Македонци, во 2021 година 7.681, а во 2020 година 9.098. Податокот за 2023 година не е познат, освен дека лани вкупно 2.660 лица добиле бугарско државјанство. Од друга страна, 247 лица се откажале од бугарски пасоши, а меѓу нив имало лица кои претпочитале да бидат државјани само на Северна Македонија.

„Иако процедурите се забавени, а бугарското потекло потешко ќе се докажува, сепак Македонците се први меѓу странците кои го бараат нашиот пасош“, пишува „24 часа“.

Повикувајќи се на извештај на Министерството за правда, весникот објавува дека од 2001 до 2022 година за бугарско државјанство побарале 129.382 Македонци, а добиле 99.340. На второ место биле граѓаните на Молдавија (35.706) потоа на Украина (16.720), на Србија (11.081) и на Албанија (6.527).

Пред секој изборен циклус во соседната земја се актуелизира прашањето колку Македонци имаат бугарско државјанство. „Сѐ помалку Македонци барале да станат бугарски државјани во последните 3 години, но причината за тој тренд не биле толку билатералните односи меѓу двете земји или бугарското вето, туку новите законски недоразбирања“, објави „24 часа“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни