Претставниците на Студентскиот иницијативен комитет на Универзитетот во Белград, кои веќе трета недела организираат протести под слоганот: „Стоп за предавството! барање да започне постапка за гласање недоверба на претседателот Александар Вучиќ, пренесе агенцијата Бета.
Студентите за агенцијата изјавија дека бараат недоверба на Вучиќ за кршење на уставот. Тие бараат и сите страни јасно да кажат дали го прифаќаат предавството на Косово и француско-германскиот план (за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово).
Белградските студенти порачаа дека имаат поддршка и од студентите во Нови Сад, кои утре ќе го организираат својот прв протест „за одбрана на Косово и српскиот устав“.