Breaking Битолчани од утрово чекаат пред експозитурите на „Алта банка“
Македонија

Кривична пријава за штипски поштар: Се потпишал во име на граѓанка и ја оштетил за конкурс во МОН

Кривична пријава за штипски поштар: Се потпишал во име на граѓанка и ја оштетил за конкурс во МОН

СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.М. (46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

На 07.08.2026, пријавениот, вработен како поштар, не доставил препорачано писмо до едно лице од Министерство за образование и наука, а се потпишал во нејзино име на листата за доставени пратки, со што ѝ нанел штета во однос на пропуштање на роковите за жалби при остварувањето на нејзините работнички права, а во врска со конкурирање на интерен конкурс за ментор – наставник.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни