„Многу лошо. Решението е израз на паника и немоќ. Скопје треба да признае дека има македонски бугари, дека има бугарско присуство во РСМ. Не од денес, од вчера туку до векови, од 1300 година. Има бугарска историја… Забранувањето на имињата на бугарските клубови нема да ја за забрани упорноста на Бугарија и на нашите Европски партнери, РСМ да ги запише Бугарите во Уставот“, изјави Румен Радев во Брисел денеска на новинарско прашање.
На прашање од БТВ дали денеска ќе се разговара на таа тема тој додаде:
„Се сеќавате дека во мај месец минатата 2021 година јас за прв пат тука го отворив прашањето за правата на македонските бугари и благодарение на едногодишната упорна работа, бидејќи тука не го разбираа проблемот ниту институциите, ниту нашите партнери, ниту лидерите на тие држави. Благодарение на нашата упорна работа, впишувањето на Бугарите во Уставот веќе е дел од преговарачката рамка, слушнавте што кажаа и европските лидери, тоа е апсурдно задолжителен услов“, додаде Радев.
Радев од Брисел: Бугарија не учествува во заедничката испорака на гранати во Украина