Балкан

ВИДЕО: Ноле скришно му даде 100 евра на едно дете додека се сликаа со него

ВИДЕО: Ноле скришно му даде 100 евра на едно дете додека се сликаа со него

Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ како и често пати, беше да ја бодри Црвена Ѕвезда во живо на мечот против Валенсија од Евролигата кој кошаркарите на Ѕвезда го добија 92:73. Камера го улови како му дава пари на едно од децата кои се сликаа со него.

Пред стартот на средбата околу Новак имаше гужва за сликање во која тенисерот скришно му подава пари на едно дете.

Српските медиуми пишуваат дека додека малиот заедно со другарите одел на кошарка, ја нашол надвор платежната картица на Ѓоковиќ, а обезбедувањето дозволило да му пријдат на тенисерот за да му ја вратат.

Новак го почести со 100 евра, а на видеото се слуша и како им се заблагодарува за гестот.

https://youtu.be/J7oJOe9b2MA

Го снимија и како реагира на скандирањето на навивачите Косово – Србија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни