Свет

ФОТО: Заедничка фотографија на претседателите на Парламентите на Северна Македонија, Грција и Бугарија

Претседателите на Парламентите на Република Северна Македонија Талат Џафери, на Република Грција Никос Вуцис и на Република Бугарија Цвета Карајанчева, денеска на Конференцијата на Претседатели на Парламенти на Европската Унија, ја искористија можноста да се фотографираат заедно.

“Една слика 1000 зборови. Историјата ја прават вистинските избори во вистинското време.

Претседателите на Парламентите на Република Северна Македонија, Република Грција и Република Бугарија, Џафери, Вуцис и Карајанчева на Конференцијата на Претседатели на Парламенти на Европската Унија“, напиша претседателот на Собранието Џафери на својот профил на „Фејсбук“.

The post ФОТО: Заедничка фотографија на претседателите на Парламентите на Северна Македонија, Грција и Бугарија appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни