Балкан

Масовен протест за одбрана на Хашим Тачи во Приштина

Масовен протест за одбрана на Хашим Тачи во Приштина

Во главниот град на Косово се одржа масовен протест за поддршка на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи. По повеќе од две години од притворот, тој денеска ќе се појави пред Специјализираниот суд во Хаг.

Обвиненијата против Тачи се за периодот 1998-1999 година, кога тој беше на чело на Ослободителната војска на Косово.

Во обвинението се наведени повеќе од 100 лица кои биле убиени или чии тела не биле пронајдени.

На Тачи ќе му се суди со уште тројца негови другари. Четворицата се обвинети за воени злосторства, злосторства против човештвото, незаконски притвор, тортура и убиства.

Обвинителството обезбеди над 300 сведоци во случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни