Свет

Спортинг Лисабон ќе го преименува својот стадион во чест на Кристијано Роналдо

Шест години Кристијано Роналдо беше дел од Спортинг, пред да замине во Манчестер Јунајтед, а потоа играше и во Реал Мадрид, и сега е дел од Јувентус. Во Спортинг дебитираше за еден сениорски тим, а 16 години по неговото заминување од овој клуб, тимот сега има план да му одаде почит.

Стадионот на Спортинг се нарекува „Жозе Алваладе“, по основачот и првиот член на клубот. Но, од клубот размислуваат како би го искористиле името на Роналдо, кое стана бренд во Светот.

Така претседателот на клубот Фредерико Варандаш веќе има неколку опции. Првата е „Стадион ЦР7“, а втората во која би бил опфатен и Алваладе би била „Алвеладе ЦР7“. Останува да се види како Роналдо ќе реагира по најавите дека стадионот на неговиот екс клуб ќе го носи неговото име.

The post Спортинг Лисабон ќе го преименува својот стадион во чест на Кристијано Роналдо appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни