Денеска во 2019 никој не може да ги натера Албанците да гласаат против себе. Ова го изјави кандидатот за претседател, Блерим Река, пред жителите на Теарце, кој заедно со опозициските лидери, Зијадин Сеља и Билаљ Касами, се сретнаа со жителите на ова тетовска општина. Река додаде дека Албанците без внатрешна алијанса не можат да создадат надворешна алијанса, исто како што без внатрешна национална интеграција, тешко дека има интеграција во Европа. Река пред жителите на Теарце изрази разочарување дека државата и по 18 години по Рамковниот Договор, не успеала на ветераните на војната да им го обезбеди потребниот третман.
„Јас очекував дека барем на овие претседателски избори, албанските партии на власт ќе се променат, ќе ја прифатат реалноста и ќе речат “време е за Претседател Албанец”. Сега ни велат не, треба да чекаме уште 20 години за да дојде време за Претседател Албанец. Јас кажувам отворено веќе неколку дена, времето за Претседател Албанец е денеска, на 21 април, ќе имаме Претседател Албанец“, изјави Река.
The post Река од Теарце: Времето за претседател Албанец е сега appeared first on ТВ21.