Свет

Директорот на опера и балет Васко Ристов за ТВ21: Никого не дискриминираме, оркестарот со овации го пречека тенорот Рам Лахај

Директорот на Опера и Балет Васо Ристов го молел тенорот Рам Лахај да го одржи концертот заедно со орекстарот на Македонската опера и балет. Тој вели дека немало никаква дискриминација спрема познатиот светски тенор Лахај. Инаку Лахај го обвини оркестарот на Македонска опера и балет дека е некоректен и непрофесионален, поради што одлучил в четврток концертот пред скопската публика да го одржи без оркестар.

“После секоја изведба на Раме, и отпеана арија орекестарот му аплаудирал со овации. Тоа е вистината. Овде гостувале и други албански уметници, и они сега реагираат. Даваат подршка за тоа кој тоа пушта шпекулации. Зошто? Нема потреба. Имаме одлична соработка со тие светски уметници. Ќе ви откријам во преговори сме Инва Муља да гостува на мајски оперски вечери”, изјави Ристов.

The post Директорот на опера и балет Васко Ристов за ТВ21: Никого не дискриминираме, оркестарот со овации го пречека тенорот Рам Лахај appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни