Свет

Меј од Меркел побара помош за одложување на „Брегзит“

Премиерката Тереза Меј оствари средба со Ангела Меркел, најсилната членка на ЕУ за да побара помош околу одложувањето на „Брегзит“, додека министрите на Британија пробаа да го прекинат застојот во преговорите со Лабуристичката партија.

После повеќе од една недела од терминот кога Обединетото Кралство требаше да ја напушти Европската Унија, британската премиерка и натаму се бори да добие потврда од поделениот Парламент за својот предлог за спогодбата околу излезот.

Со мали шанси да се дојде до спогодба, сега Меј бара поддршка за второ одложување на „Брегзит“. Меј би требало да се сретне и со францускиот претседател Емануел Макрон.

 

The post Меј од Меркел побара помош за одложување на „Брегзит“ appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни