Сите, освен еден пратеник во Парламентот на Нов Зеланд ја изгласаа денеска измената во Законот за оружје, со која ќе се забрани користење на полуавтоматското оружје, и тоа на само помалку од месец дена по нападот во Кристчрч во кој загинаа 50 лица.
Реформата на Законот за оружје беше изгласана со 119 гласа „за“ и со еден глас против, и сега мора да го потпише генералниот гувернер, за да стане закон.
Ова се случува после крвавиот напад во кој државата веднаш покрена иницијатива да се донесе забрана за користење на полуавтоматското оружје, и во ограничено користење на другиот вид оружје.
Нов Зеланд е држава со 5 милиони жители, а се претпоставува дека преку 1.5 милиони жители поседуваат оружје. До 2017 година 99% на барањата за оружје е одговорено потврдно.
The post Изгласана забраната за употреба на полуавтоматско оружје во Нов Зеланд appeared first on ТВ21.