Свет

Комичар починал сред настап, сите мислеле дека тоа е дел од претставата

Британскиот комичар Јан Когнито починал од срцев удар на бината во еден бар во градот Бистер на 61-годишна возраст. Комичарот во четвртокот седнал на столчето и така стоел неколку минути, а гледачите продолжиле да се смеат мислејќи дека тоа е дел од претставата.

Тие не биле свесни дека не му било добро, а потоа откако сфатиле дека нешто се случува, повикале брза помош. Тие пристигнале на местото, но констатирале само смрт.

„Само десет минути пред тоа се шегуваше на сметка на мозочен удар. Велеше „замислете доживеете мозочен удар, станувате и почнете да зборувате на велшки јазик“, кажал еден од присутните на претставата.

Вработените во барот се обиделе да му пружат прва помош, а гледачите ги замолиле да излезат надвор.

Јан Когнито роден е во Лондон, а живеел во Бристол. И покрај тоа што не бил многу познат во британската јавност, ја добил познатата „Тајм Аут“ награда за најдобар стенд-ап комичар во 1999 година.

The post Комичар починал сред настап, сите мислеле дека тоа е дел од претставата appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни