Свет

Бебешки лежалки повлечени од пазарот поради смрт на десетици бебиња

Неколку милиони бебешки лежалки од производителот „Фишер Прајс“ се повлечени од продажба по смртта на десетици бебиња, пренесуваат неколку светски агенции кои се потпираат на извештајот на американската комисија за безбедност на потрошувачи.

„Смрт кај бебиња се случувала во лежалките „Rock ‘n Play“, откако бебињата ќе се завртеле на страна или на стомак додека не биле под надзор или во други околности“, се наведува во дел од изјавата на ЦПСЦ пришто се потенцира дека од малопродажба ќе бидат повлечени 4,7 милиони производи.

Комисијата утврди дека во тие лежалки починале најмалку 32 бебиња од 2009 година. Се огласи и „Фишер Прајс“ од каде порачаа дека доброволно ги повлекуваат сите производи во партнерство со ЦПСЦ, и тврдат дека производите се користеле во спротивност од сигурносните предупредувања, и затоа се случиле инциденти, а не поради нивна грешка.

„Црвсто остануваме на ставот дека нашите производи се безбедни. Но, сепак, со оглед на пријавените инциденти во кои лежалките се користеле во спротивност на сигурносните предупредувања и упатства, одлучивме дека доброволно повлекување е најдобар начин за делување“, соопштија од компанијата.

The post Бебешки лежалки повлечени од пазарот поради смрт на десетици бебиња appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни