Свет

Италијански авион испуштил 80 тони керозин во море

Италијански патнички авион на компанијата „Алиталија“ кој требало да лета од Милано кон Токио, морал да се врати од миланскиот аеродром поради технички проблеми.

Притоа во Лигурското море морал да испушти 80 тони керозин, пишува италијанскиот портал „Ривиера 24“.

Тоа се случило во понеделникот кога самоштотку го напуштил аеродромот во Милано, авионот се соочил со проблеми и барал да се врати назад. Тоа му било одобрено, но бидејќи бил на голема висина, требало да се спушти постепено.

Во меѓувреме пилотите одлучиле да го исфрлат горивото од авионот, нешто што го прават авионите при слетување за итен случај.

Крајбрежната стража веднаш почнала потрага, не нашла остатоци од керозин во морето. Со оглед дека авионот бил на голема висина, можно е керозинот да испарил и да нема никакви последици. Во тоа море има ретки видови на китови.

The post Италијански авион испуштил 80 тони керозин во море appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни