Свет

Собрани речиси една милијарда долари за обнова на Нотр Дам

Речиси една милијарда долари се собрани од верници и моќни деловни магнати ширум Светот за обнова на опожарената црква Нотр Дам во Париз која беше делумно уништена по големиот пожар кој се случи во понеделникот.

Градежни тимови утрово поставија голем кран и испорачаа дрвени плочи.

Како што најави претседателот Макрон, црквата ќе се обновува во следните пет години. Тој денеска ќе претседава на вонредна седница на која ќе се зборува само за несреќата во Нотр Дам.

 

The post Собрани речиси една милијарда долари за обнова на Нотр Дам appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни