Свет

Престрелка во Северна Ирска, убиена една жена (ВИДЕО)

Жена, на возрст 29 години, синоќа беше убиена во Лондондери во Северна Ирска, соопшти полицијата, која се сомнева на тероризам.

– Потврдуваме дека по престрелката 29-годишна жена е убиена, изјави локалниот полициски претставник Марк Хамилтон, додавајќи дека е отворена истрага за убиството, а постои сомневање дека се работи за терористички чин.

Локалните медиуми денеска објавија дека непознати лица пукале и фрлале молотови коктели врз полицајци за време на рутинската контрола во Лондондери.

Експлозија на автомобил-бомба во јануари оваа година во тој град предизвика стравување од нови инциденти во Северна Ирска, поради тензиите околу повлекувањето на Велика Британија од членство во Европската унија.

Еден од камењата на сопнување на договорот за Брегзит е токму границата помеѓу Ирска и Северна Ирска, која е дел од Обединетото Кралство.

The post Престрелка во Северна Ирска, убиена една жена (ВИДЕО) appeared first on ТВ21.


Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни