Свет

Продолжува бранот на самоубиства на француски полицајци

Вчера двајца припадници на полицијата на Франција извршија самоубиство, што го надераа Синдикатот на француските полицајци да побараат итен состанок со Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер.

Од почетокот на оваа година, бројот на самоубиства на полицајци во Франција изнесува 28. Според податоците од француското МВР, лани самоубиства извршиле 68 припадници на полициските сили.

Во знак на сеќавање на овие полицајци, полицискиот синдикат ги повика своите членови денеска да одржат „тивок протест” во локалните полициски станици.

Според „Монд”, вчера со сопствениот пиштол во станица во Монпеље се самоубил 48-годишен полициски капетан, а неколку часа пред тоа во неговиот дом во Париз било пронајдено безживотното тело на 25-годишен полицаец, за кој истрагата утврдила дека извршил самоубиство.

The post Продолжува бранот на самоубиства на француски полицајци appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни