Свет

Терористички напади во Шри Ланка: Прогласен полициски час, забрана за влез на социјални мрежи, затворени училишта

Во осум терористички напади во близината на Коломбо во Шри Ланка, до сега загинаа најмалку 150 лица, а повеќе од 400 се повредени.

Најпрво се случија шест експлозии речиси во исто време, а подоцна уште две. Мети беа католички цркви и хотели во и околу Коломбо.

Шри Ланка прогласи полициски час во целата земја, а на граѓаните им е забранет пристапот до социјалните мрежи. Сите училишта се затворени и децата во следните неколку дена нема да посетуваат настава.

Полицијата и војската се на терен. До сега никој не ја превзеде одговорноста за овој терористички чин.

The post Терористички напади во Шри Ланка: Прогласен полициски час, забрана за влез на социјални мрежи, затворени училишта appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни