Свет

Повеќе од 50 жртви во поплави во Јужна Африка

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови што го зафатија јужниот и источниот дел на Јужна Африка.

Спасувачките екипи се обидуваат да извлечат луѓе од урнати куќи во крајбрежните делови на провинцијата КваЗул-Натал каде настрадале 51 лице.

Во овој регион со денови паѓа дожд, но властите синоќа не очекувале толкава количина врнежи.

The post Повеќе од 50 жртви во поплави во Јужна Африка appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни