ТВ21 со своја екипа е на состанокот во Берлин на кој присуствуваат и лидерите на земјите од Западен Балкан. Состанокот е организиран од страна на Ангела Меркел и Емануел Макрон, со цел да се реши проблемот меѓу Косово и Србија, а исто така ќе стане збор за почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Ќе присуствува и еврокомесарот Јоханес Хан, како и делегација од нашата земја.
Своите очекувања ги искажа претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Не очекувам ништо. Јас сум песимист дека ќе се реши прашањето, но јас во природа сум песимист, па можеби ќе се изненадам. Не ми јасно како е тоа најпрво држава која што сама проглсува независност, да воведува такси врз една земја од која се одвоила. Тоа е одлика од 1906 година, не во 2019 година“, изјави Вучиќ.
Хашим Тачи истакна дека очекува решавање на диалогот по примерот меѓу Грција и Северна Македонија, каде спорот беше решен со Договорот од Преспа. Претходно Вучиќ неколку пати истакна дека нема намера да го решава проблемот по примерот на Северна Македонија.
The post ТВ21 во Берлин: Вучиќ не е оптимист, Тачи би го решил проблемот по примерот на Грција С. Македонија appeared first on ТВ21.