Свет

Над 300 лица починати во Индонезија за време на избори поради премор и изнемоштеност

Единаесет денови откако во Индонезија се одржаа најголемите еднодневни избори во светот, над 300 луѓе од изборната администрација починаа повеќето од болести причинети од премор по долги часови рачно пребројување изборни ливчиња. Тоа го соопшти денеска претставник на властите. На 17 април во таа држава со 260-милионско население, за првпат се одржаа во ист ден претседателски избори, избори за националниот дводомен парламент и за регионални законодавни органи. Министерството за здравство испратило на 23 април писмо во кое бара од болниците да обезбедат најдобра медицинска помош за болните службеници, а Министерството за финансии ќе компензира семејства на починатите. Изборната комисија беше остро критикувана поради големиот број смртни случаи поради премор. Пребројувањетона гласовите завршува на 22 мај кога ќе бидат објавени конечните резултати.

„Денеска, се уште добиваме информации од одредени области за официјалните лица на изборната комисија кои починаа, се разболеле или доживеале било каква несреќа на работа“, изјави Ариеф Будиман – претседател на избона комисија.

„Административните службеници се во тешка физички и психолошки состојба и работат во непријатни работни услови, односно работат надвор, на ветровито, дождливо време и други лоши услови. Тие всушност работат во лоши услови“, изјави д-р Ари Фахриал Сијам – раководител на одделот за интерна медицина.

The post Над 300 лица починати во Индонезија за време на избори поради премор и изнемоштеност appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни