Затворен сообраќајот кон мостот „Беласица“ во близина на „Ист Гејт“ откако истиот пред неколку дена беше целосно во пламен.
Прекинот за автомобили и за пешаци е поради безбедносни причини додека не се проверат сите оштетувања и не се утврди дали има услови да се санира или треба целосно да се урне.

Во пожарот изгореле повеќе електрични инсталации и грејни цевки, па материјалната штета е голема, а според директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангеллов, причина за пожарот најверојатно е човечки фактор, бидејќи таму престојувале бездомници.

На терен излегле 21 пожарникар со вкупно 8 противпожарни возила, а пожарот избувнал во 23 часот и 57 минути.
