Обилните дождови зафатија делови од Хрватска во последните денови. Реката Зрмања се излеа од коритото и го поплави градот Обровац.
На видео снимката се гледаат влезните води и луѓето кои полнат вреќи со песок во Обровац за да се заштитат од стихиите. Центарот на градот беше поплавен.
https://youtu.be/MMizaywMuow
Метеоролозите предупредуваат дека следуваат нови врнежи. Премиерот на државата Андреј Пленковиќ изјави дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за да се обезбеди безбедност на населението.