Новиот директор на Бирото за метрологија, Авдуљ-Селам Селами денеска се обрати по повод Светскиот ден на метрологијата и истакна дека пред да стапи на функцијава, си мислел дека ова Биро ги следело метеоролошките промени, односно дека ова е наука за времето.
„Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето“, рече Селами пред присутните.
Инаку, Селами по професија е дипломиран правик, а претходно беше заменик-директор на Управата за јавни приходи.
Бирото за метрологија е институција под надлежност на Министерството за економија за работа со мерни инструменти за контрола на квалитет.