Македонија

Малолетник со закана со пиштол му земал пари на соученик во дворот на основно училиште во Чаир

Малолетник со закана со пиштол му земал пари на соученик во дворот на основно училиште во Чаир

Денеска (19.05.2023) во околу 11.20 часот во двор на основно училиште на подрачје на Чаир, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од Скопје.

Според пријавеното, тој претходно со закана со пиштол одзел пари од друг малолетен ученик во училиштето. Со малолетникот бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни