НЕОБИЧЕН брод за крстарење утрово заплови во Дубровник и донесе неколку стотици свингери во градот.
Бродот вчера беше во Шибеник, а покрај Хрватска крстареше и по италијанскиот и црногорскиот брег, па планирано е патување и во Котор. На веб-страницата на организаторот на патувањето, компанијата Original Group, може да се забележи дека цените за луксузните двојни кабини на крстаречкиот брод Azamara Journey, кој плови под брендот Desire, се движат и до 30.000 американски долари.
На бродот се одржуваат тематски вечери, еротски работилници и разни сензуални забави, но мора да се почитуваат куќните правила. Тоа значи дека во патувањето можат да учествуваат само парови, а без облека можат да бидат само во одредени соби. Собите се наменети за послободна забава. Строго е забрането фотографирање и снимање видео во области каде што е дозволено соблекување на патниците.
Крузерот од истата група ја посети Хрватска во 2015 година, кога беше закотвен кај Локрум, а дубровчани гостите ги опишаа како богати и пристојни.