Македонскиот државјанин Д.Л. (21) e момчето кое вечерва беше пронајдено рането во пукањето во белградската населба Врачар, а тоа најверојатно е случајна жртва во инцидентот, пишуваат српските медиуми.
Според полицијата, во престрелката најпрвин во натколеницата е ранет А.П.(26), а потоа со два куршума во грбот е ранет македонскиот државјанин Д.Л. Истрагата треба да утврди дали тој случајно се нашол на местото на пукањето и бил погоден.
„Ранетиот Д.Л. бил донесен од негов пријател во влез во соседната улица „Новопазарска“. Таму тој го сокрил ранетото момче и повикал полиција и брза помош“, пишуваат српските медиуми, повикувајќи се на извори во полицијата.
Брзата помош и полицијата набрзо пристигнале, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во возилото, на грбот биле видливи две рани од куршуми.