Собирот на Српската напредна партија наречен „Србија на надежта“ ќе се одржи вечерва на плоштадот Никола Пашиќ, пред Домот на Народното собрание, а во Белград од раните утрински часови пристигнуваат поддржувачи на СНС од внатрешноста. .
Од утрово автобуси се паркирани пред Палатата Србија, на Ушќе, а има и автобуси паркирани пред српското Собрание.
Српската напредна партија во четвртокот ги покани сите луѓе со добра волја да дојдат на „најголемата средба во историјата на Србија“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека на средбата ќе зборува како претседател на Републиката, а не како лидер на партијата и ќе понуди нови решенија и дијалог со оние кои мислат поинаку.
Тој рече дека денешниот митинг не е митинг на СНС, ниту контра, бидејќи е единствениот закажан за тој ден.