Свет

Гуаидо повика на протести пред воените бази

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо повика на „мирни“ протести пред воените бази, со цел на војската да и се упати барање да го напушти претседателот Николас Мадуро.

– Сабота 4 мај: мирна национална мобилизација кон главните воени единици, со цел да преминат кон Уставот, напиша Гуаидо на Твитер.

Опозицискиот лидер и претседател на Парламентот, кој во јануари на митинг се прогласи за времен претседател на Венецуела, во вторникот ја повика бојската на бунт против социјалистичката Влада.

The post Гуаидо повика на протести пред воените бази appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни