Најголемата џамија во Турција, џамијата Чамлиџа во Истанбул, денес се отвора со свечена церемонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Џамијата со капацитет за 63.000 верници се наоѓа во азискиот дел на Истанбул – Чамлиџа.
Изградена во отоманско-селџучкиот архитектонски стил, џамијата е лесно забележлива од секој дел на градот.
Тоа не е само џамија, туку комплекс, кој вклучува музеј на турско-исламската уметност, библиотека, уметничка галерија, конференциска сала, како и паркинг со капацитет за 3.500 автомобили.
Има шест минариња кои ги претставуваат шесте столба на исламот. Четири минариња се високи 107,1 метар, во чест на победата на селџучките Турци во битката кај Манцикерт од 1071 година против византиската војска, што ја отвори Анадолија за турската доминација.
Нејзината главна купола со висина од 72 метри ги претставува 72-та народа кои живеат во градот. Втората купола со дијаметар од 34 метри го симболизира бројот на регистерските таблички на Истанбул.
Внатре, во куполата, се впишани 16 имиња на Алах, симболизирајќи ја бројката на земји втемелени од Турците.
Троделниот украс на главната купола кој тежи 4,5 тона и е со височина од 7,77 метри, е најголемиот од таков вид.
Во џамијата се наоѓа и рачно изработен тепих од 17.000 метри квадратни. Минберот во џамијата (местото од каде што имамот ја пренесува хутбата), е висок 21 метар и може да се подигнува со лифт.
Џамијата може да одржи осум погребни молитви во исто време.
The post ВО ЖИВО: Свечено отворање на најголемата џамија во Турција, Чамлиџа appeared first on ТВ21.