Свет

Канцеларијата на Anadolu Agency во Појасот Газа погодена од израелските сили

Израелската војска изврши воздушен напад во Појасот Газа кој е под блокада, во чии рамки е погодена и зградата во која се наоѓа канцеларијата на Anadolu Agency (АА).

Како што јави новинарот на АА во Газа, израелските сили извршиле предупредувачки напад врз зградата во која се наоѓа канцеларијата на АА во Газа.

По предупредувачкиот напад, вработените на АА веднаш ја напуштиле зградата, а со себе зеле сè што можеле во тој момент.

Извесно време по тоа, израелските воени авиони со најмалку 5 ракети извршиле воздушен напад врз оваа зграда, како резултат на што зградата е целосно срушена.

Се вели дека вработентие на АА се во добра состојба, а сè уште нема конкретни информации дали има жртви во нападот.

Палестинската Влада се огласи по повод нападот и истакна дека погодувањето на Kанцеларијата на Аnadolu Аgency (AA) во Газа е обид за отстранување на сведоците, и подготовка за масакрот на Израел во Газа.

Израелската војска денес попладне започна воздушни напади во Газа, како одговор на ракетите лансирани од Газа.

Во нападите загинаа тројца Палестинци, меѓу кои едно бебе и една бремена жена, додека најмалку 12 лица се повредени.

The post Канцеларијата на Anadolu Agency во Појасот Газа погодена од израелските сили appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни