По бројните претставки поднесени од страна на владејачката Партија за правда и развој (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Врховната изборна комисија на Турција со седум гласа „за“ и чертири гласа „против“ донесе одлука за одржување нови локални избори во Истанбул.
Изборната комисија (YSK) со мнозинство гласови одлучи да го поништи гласањето и да ги повтори изборите во градот Истанбул, објави турската агенција Анадолија.
Повторените локални избори во Истанбул ќе се одржат на 23 јуни.
The post Нови локални избори во Истанбул appeared first on ТВ21.