Малите трговци кои продаваат леб во Србија во своите продажни објекти мора да имаат најмалку 30 отсто леб направен од брашно Т-500, а неговата цена не смее да биде повисока од 46 центи (околу 25-30 денари)
Вкупната стапка на маржа, која се пресметува на нето-фактурната цена, не смее да надмине шест проценти, пренесува Танјуг.
Владата на Србија ја усвои Уредбата за задолжително производство и промет на леб од брашно Т-500, со која се пропишува максималната продажна цена на оваа храна во износ од 54 динари (46 центи).
Интервентна продажба на брашно
Малите трговци кои продаваат леб мора да имаат во продавниците најмалку 30 отсто леб направен од брашно Т-500. На производителите на леб ќе им бидат продадени 32.000 тони вакво брашно.
„Целта на регулативата е да се заштити пазарот, односно да се спречат деформации во формирањето на цените на овие стоки, кои се многу важни за понудата на потрошувачите, особено пониските социјални категории“, соопштија од Владата на Србија.