Македонија

Директорите кои се истепаа пред дискотека ќе бидат разрешени

Директорите кои се истепаа пред дискотека ќе бидат разрешени

Директори на две основни училишта во Кавадарци се степале во дискотека во центарот на градот, а од тепачката низ социјалните медиуми кружеше и видео.

Градоначалникот Митко Јанчев вели дека се оправдани реакциите на граѓаните кои бараат нивно разрешување и вели дека тоа ќе се случи в понеделник.

„Нема толеранција ниту, пак, оправдување за однесувањето на двете лица, оправдани се сите реакции на граѓаните кои бараат нивно разрешување од функција. Тоа ќе се случи в понеделник“, вели Јанчев за „Фокус“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни