Косовската полиција пронашла запален автомобил за кој се смета дека е на осомничените за убиството во Приштина.
Автомобилот бил пронајден на два километри од местото каде што се случило убиството.
„Оперативно-следечките дејствија што ги презема полицијата, подалеку од местото на настанот, резултираа со пронаоѓање на автомобил зафатен во пламен, за кој постои сомневање дека е возилото што го користеле осомничените инволвирани во случајот“.
Сињали дознава дека во возилото што осомничените го запалиле за да се отстранат трагите, полициски службеници пронашле два калашникови, оружје за кое постои сомневање дека е употребено за убиство на жртвата.
Се вршат увиди на местото на настанот, за целосно расчистување на околностите во кои се случило ова кривично дело и мотивите кои ги навеле осомничените да ја погубат жртвата.