Балкан

Дилер осуден на 6 месеци затвор во Црна Гора: Србин му продавал кокаин на муштерија со кој заедно се дрогирале во кафуле тоалет!

Дилер осуден на 6 месеци затвор во Црна Гора: Србин му продавал кокаин на муштерија со кој заедно се дрогирале во кафуле тоалет!

Вишиот суд во Бијело Поље го осуди српскиот државјанин Срѓан Милојевиќ (25) од Параќин на половина година затвор за посредување во купување и продажба на кокаин.

Според обвинението, Миливојевиќ на 21 октомври минатата година на улицата „Душана Вујошевиќ“ во Беране посредувал при набавка и продажба на дрога за сметка на извесен А.Х., кој му дал пари во износ од 40 евра.

Потоа, во угостителски објект Србинот му предал пакет кокаин на А.Х., констатирано е дека дел заедно консумирале во тоалетот на тој објект, а останатиот дел во количина од 0,151 грама го задржал А.Х.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни