Свет

Пожар во најголемиот забавен парк во Германија, посетителите евакуирани (ВИДЕО)

Пожар во најголемиот забавен парк во Германија, посетителите евакуирани (ВИДЕО)

Голем пожар избувна денеска во најголемиот забавен парк во Германија, Европа-парк, што доведе до евакуација на посетителите.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа огромен облак црн чад кој извира од забавниот парк.

Europa-Park е огромен забавен парк лоциран во градот Руст во покраината Баден-Виртемберг.

Причината за пожарот засега не е позната.

Паркот е отворен во 1975 година, а цената на билетот се движи меѓу 40 и 300 евра.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни