Свет

Пронајдена бомба во трговски центар во Брисел

Во трговски центар во населбата Волуве во белгискиот главен град Брисел, попладнево е откриена експлозивна направа. Претставник на белгиската полиција ја потврди информацијата за МИА.

По откривањето на направата полицијата спроведе целосна евакуација на присутните во трговскиот центар. Во тек е акција на специјалните полициски тимови за деактивирање на бомбата.

The post Пронајдена бомба во трговски центар во Брисел appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни