Свет

Новинар на Аnadolu Agency падна во провалија, трае потрагата по него

Новинарот на Anadolu Agency (AA), Абдулкадир Нишанџи, падна во провалија во текот на следењето на работите на патот на планината Соганли, кој ги поврзува црноморските турски градови Бајбурт и Трабзон, јавува Anadolu Agency (AA).

Нишанџи бил на новинарска задача на планината Соганли, која е висока 3.500 метри, каде што ги следел работите на патот кој ги спојува градовите Бајбурт и Трабзон.

Во обид да сними фотографија, Нишанџи застанал на парче снежна маса која се оттргнала, а потоа паднал во провалија.

На местото на несреќата се упатени екипи на турскиот АФАД, жандармеријата и итните служби.

Потрагата по новинарот сè уште трае.

The post Новинар на Аnadolu Agency падна во провалија, трае потрагата по него appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни