Свет

„Бомби“ и во Австрија, заменик канцеларот договорал „матни“ зделки на Ибица (ВИДЕО)

Неколку дена пред изборите во Европа, европските десничари ги тресе мега скандал откако се појави снимка како заменик канцеларот на Австрија на Ибица договорал матни зделки со жена која се претствува како русинка.

Ханс-Кристијан Штрахе во јули 2017 година наводно договорал русинката да вложува во Австрија 250 милиони евра, што всушност било „мамец“.

Наводно снимката трае седум часа, а германските „Зидојче цајтунг“ и „Шпигел“ тврдат дека снимката била автентична, потпирајќи се на експерти.

Жената која се претставила како Русинка наводно најавува купување на 50% од најтиражниот австриски таблоид „Кронен Цајтунг“ и потоа таа „новинарски“ би го поттурнала ФТО до што подобри резултати на изборите во 2017 година. Штрахе отворено зборува дека сака да направи нешто слично како Орбан во Унгарија, некои од медиумите да ги стави под контрола на партијата.

„Штом го превземе Кронен Цајтунг, мораме да зборуваме многу отворено, мора да се најдеме. Три, четири лица мораме да „турнеме“, но три-четири лица мора да бидат избркани. И ќе доведеме веднаш нови“, наводно зборува Шпрахе.

Русинката за сево ова бара услуга да оформи градежна фирма и да добива државни тендери.

The post „Бомби“ и во Австрија, заменик канцеларот договорал „матни“ зделки на Ибица (ВИДЕО) appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни