Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција соработува со Русија на производство на противавионските ракетни системи „С-500“. Како што пишува „Хабертурк“ Ердоган веќе испратил 100 инженери во Русија на обука за процесот за производство на оружје.
На почетокот на мај, директорот на руската компанија „Ростек“ Сергеј Чемезов рече дека Русија го цени партнерството со Турција во областа на воздушната одбрана.
„Ја поздравуваме желбата Турција да биде партнер во проектот „С-500“, истакна тој.
The post Ердоган потврди: Анакара и Москва заедно работат на ракетниот систем „С-500“ appeared first on ТВ21.