Свет

Падна приватен авион со туристи, загинаа пет лица во Хондурас

Пет лица загинаа во падот на мал авион на островот Роатан во Хондурас, објавија локалните медиуми.

Во авионот биле четири канадски државјани и пилот кој е американец, пишува весникот “Ералдо”.

Остатоците од авионот, кој вчера се урна во морето, беа пронајдени помалку од еден километар од брегот. Авионот полетал од Роатан во градот Трухило во северниот дел на земјата, објави “Спутник”.

Се пронаоѓаат причината за падот на авионот.

The post Падна приватен авион со туристи, загинаа пет лица во Хондурас appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни