Балкан

На белградскиот аеродром повторно почна полнењето гориво на авионите

На белградскиот аеродром повторно почна полнењето гориво на авионите

По завршувањето на лошото време, на белградскиот аеродром повторно започна снабдувањето со гориво на авионите, што создаде услови летовите да продолжат да функционираат редовно, соопшти прес-службата на белградскиот аеродром.

Во соопштението за медиумите се наведува дека авиокомпаниите имаат приоритет на снабдувањето со гориво на нивните летови.

Нагласено е дека аеродромот во ниту еден момент не бил затворен за сообраќај, но од 20:09 до 22:40 била на сила времена забрана за полнење гориво, како задолжителна безбедносна процедура согласно Законот за воздушен сообраќај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни