Балкан

Во БиХ издадено портокалово предупредување, метеоролозите и за денеска најавуваат невреме

Во БиХ издадено портокалово предупредување, метеоролозите и за денеска најавуваат невреме

За поголем дел од Босна и Херцеговина издадено е портокалово предупредување, а метеоролозите за денеска најавуваат дожд, грмежи и силен ветер.

Хидрометеоролошкиот завод на Република Српска соопшти дека најсилни налети на ветер, над 80 километри на час, се очекуваат во поширокиот регион околу реката Сава.

Портокаловото предупредување се однесува на западните, северните, централните и источните области на Босна и Херцеговина, соопшти Хидрометеоролошкиот завод на Федерацијата Босна и Херцеговина.

Со обилни врнежи, на одредени места може да наврнат од 15 до 35 литри дожд на метар квадратен.

Заедно со грмежи се очекуваат и ветрови со брзина од 45 до 65 километри на час.

Населението се предупредува дека ваквиот ветер може да има последици, и можни прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во претходните три дена невремето во БиХ најмногу ги зафати областите Краина, Посавина и Шемберија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни