Маж од Бачка Паланка е жртва на невремето што синоќа ја зафати Србија. Несреќата се случила ноќеска околу 1:30 часот на улицата Цара Лазара во Бачка Паланка, кога маж (66) излегол од куќата и во дворот со раце го фатил електричниот кабел, каде потоа настрадал од струен удар.
Неговата сопруга излегла од куќата и го видела како лежи, повикала брза помош, но мажот не можел да се спаси.
Повредено е и едно дете
Итната помош во Нови Сад имала 25 интервенции за време на невремето, а кога станува збор за починатото момче (11), Зоран Круљ, портпаролот на итната помош изјавил дека се работи за струен удар. „ Добивме повик во улицата Вук Мандушиќ, за 11-годишно момче кое добило струен удар.
Екипите реагираа според прв приоритет, беа спроведени мерки за кардиопулмонална реанимација, но момчето им подлегна на повредите и почина“, изјави д-р Крул.